Ајакс е вистински хит во Европа оваа сезона, во Холандија доминираат и се на чекор до нова титула, во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на Шампионите го совладаа Тотенхем на новиот „Вајт Хар Лејн“ со 1:0.
Единствениот гол го постигна Дони ван де Бек, играчот за врска одлично се снајде во казнениот простор на „Петлите“, избегна офсајд и го матираше Лорис. Тоа на крајот беше и единствениот гол на натпреварот, имаше уште неколку добри потези до крајот на натпреварот, па покажа зошто е еден од најталентираните играчи во оваа исклучително талентирана генерација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познато е дека веќе долго време е цел на Арсенал, а сега и ПСЖ се вклучи во приказната. Започнале преговори со управата на Ајакс за купување на споменатиот играч, а наводно Ајакс за услугите на 22-годишниот фудбалер бара околу 50 милиони фунти (околу 58 милиони евра).