Зад фудбалерите на Реал е катастрофална сезона, во која не освоија ниту еден трофеј, па јасно е дека на лето ќе дојде до сериозна реконструкција на тимот.
На Мадриѓаните им се потребни засилувања, и тоа врвни. Тоа го знае и Зинедин Зидан, па поради тоа е решен сериозно да го засили тимот. Првиот избор е напаѓачот на Челзи, Еден Азар. Белгијанецот речиси сигурно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ на крајот од сезоната и ќе се пресели во Реал и така ќе го исполни детскиот сон. Мадриѓаните за тоа задоволство ќе мораат да платат околу 100 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, Азар не е единствената желба на Реал Мадрид. Високо се котира и играчот за врска на Тотенхем, Кристиан Ериксен, кој веќе се договорил со „кралскиот клуб“, пренесува шпапснкиот весник „АС“. Данецот исто како Азар е на листата на желби на Реал, а интересно е дека се наоѓа и во многу слична ситуација. Како и Азар, и Ериксен се наоѓа во последната година од договорот, па се појавија шпекулации дека неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ би можел да чини 70-80 милиони евра.
„АС“ пренесува дека понудата се уште не е испратена, но дека Тотенхем ќе бара повеќе од 100 милиони фунти за услугите на данскиот репрезентативец.