Дома Топ вести Познатиот шпански кардиолог тврди: Кариерата на Касиљас е завршена, невозможно е да продолжи

Познатиот шпански кардиолог тврди: Кариерата на Касиљас е завршена, невозможно е да продолжи

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас вчера доживеа срцев удар на тренингот на Порто.

Искусниот 37 годишен голман доживеал срцев удар после што итно бил пренесен во болница, а после интервенцијата на докторите Касиљас се чуствува многу подобро.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Пораки на поддршка за легендарниот голман стигнуваат од сите страни. Тоа е доказ дека Касиљас е и тоа како омилен во светот на фудбалот, но за жал изгледа дека после овој срцев удар тој ќе мора да ја заврши кариерата.

Такво нешто сигурно не беше во неговите планови. Неодамна ја продолжи соработката со Порто до 2020 година, но за жал тешко дека повторно ќе го гледаме помеѓу стативите.

Еден од најпознатите кардиолози Хуан Антонио Корбалан објасни дека нема шанси Икер Касиљас повторно да настапи.

„Икер нема да биде во можност да се занимава со професионален спорт откако доживеа инфракт миокард. Не може да се игра фудбал со стентот кој му е вграден. Ќе може да води нормален живот, но за него кариерата е завршена“, изјави докторот Корбалан за шпанската национална телевизија (ТВЕ).

Касиљас така ќе ја заврши кариерата после 20 години. Сигурно не сакаше на ваков начин да стави крај, но изгледа дека нема избор. Неговата кариера ќе биде и тоа како запаметена. Дебитираше за првиот тим на Реал во 1999 година како тинејџер и од тогаш се до 2015 година беше дел од тимот на „кралевите“.

Во кариерата освои апсолутно се, како со Реал така и со репрезентацијата на Шпанија и без дилеми тој е еден од најдобрите голмани во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

УЕФА ги одреди судиите за натпреварот Македонија – Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Летонија во ра…