Нејмар и понатаму е главна тема во Европа во Франција откако после финалето од Купот на Франција каде што ПСЖ беше поразен од Рен удри навивач.
ПСЖ беше поразен во финалето после изведувањето на пенали иако имаа предност од 2:0 на самото отварање на натпреварот. Сепак, Рен успеа да се врати и да изедначи, а после пенал рулетот го победи ПСЖ и го освои трофејот.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Но, скандал се случи кога на играчите на ПСЖ им се доделуваат медалите. Еден од навивачите ги провоцираше ѕвездите на ПСЖ, а Бразилецот не се воздржа, ги изгуби нервите и го удри навивачот.
RT Eastbridge_SB: RT TheVOdds: ICYMI: Neymar punched a supporter after losing in France cup final ??
(via vaillant92100) pic.twitter.com/osfssqMejH
— Jason Tester (@JasonTester20) April 29, 2019
Француската јавност жестоко го критикуваше најскапиот играч во светот поради овој потег и го осуди неговото однесување. Сега се огласи и тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел кој го осуди однесувањето на својот фудбалер.
„Не е лесно на тие скали кога ќе изгубите во едно финале. Тоа за мене беше многу тешко и верувам дека така беше и за целиот тим, но едноставно морате тоа да го прифатите. Ако изгубите морате да покажете почит. Не смеете да влегувате во судир со навивачите, тоа е непромислено и глупаво“, изјави Тухел.
Бразилецот потоа се извини преку Инстаграм и тврдеше дека му е жал што го направи тоа, но јасно е дека ќе добие казнет поради срамниот потег.
„Дали ми е жал? Да, но и јас сум човек“, гласеше пораката на Нејмар.