Дома Останати Кошарка НБА Феноменалниот Јокиќ го предводеше Денвер до победа во полуфиналето (ВИДЕО)

Феноменалниот Јокиќ го предводеше Денвер до победа во полуфиналето (ВИДЕО)

Изминатата вечер од НБА плеј-офот се одиграа два натпревари.

Никола Јокиќ во првиот натпревар од полуфиналето на Западот го предводеше Денвер до победа над Портланд од 121:113.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Српскиот кошаркар така продолжи со одличните настапи во НБА откако беше клучен играч на Денвер во претходната серија во која Денвер го доби Сан Антонио со 4:3.

За разлика од Денвер кој се намачи да ја помине првата рунда, Портланд изненадувачки лесно ја елиминираше Оклахома со 4:1 и така имаше повеќе денови одмор пред полуфиналето.

Но, на почетокот на серијата не се виде умор кај Денвер, посебно не кај нивниот најдобар играч, Никола Јокиќ. Јоки одигра скоро цел натпревар, помина 41 минута на паркетот и за тоа време уфрли 37 поени. Наејфикасен на натпреварот беше Дамијан Лилард со два поени повеќе. Јокиќ имаше одличен шут од игра, шутираше 11/8, за тројка 3/5, а од линијата за слободни фрлања беше без грешка 12/12.

Со девет скокови и две блокади беше најдобар на натпреварот под обрачите. На тие бројки додаде уште и шест асистенции и три украдени топки.

https://www.youtube.com/watch?v=3e8AKyWXbfE

Во вториот натпревар Торонто на домашен терен беше поразен од Филаделфија со 89:94 (1:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП🎥

На натпреварот помеѓу Италија и Албанија беше испишана историја на европските првенства. И…