Сагата околу аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди се уште трае, а од ден во ден се појавуваат вести и дека ќе замине и дека ќе остане.
Икарди во овој момент нема најдобар статус кај навивачите на Интер поради неговото однесување, односно одбивањето настапува во изминатиот период. Тоа се случи пред два месеци кога му беше одземена капитенската лента поради одолговлекувањето околу потписот на новиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина сметаат дека Икарди тоа го правеше со цел клубот да го продаде во летниот период, но тој упорно тврди дека сака да игра во Интер. Меѓутоа се додека одбива да потпише нов договор гласините сигурно ќе ги има.
Сега се огласи сопругата на Икарди која во италијанската јавност се појави со изјава во коај тврди дека Икарди сигурно ќе остане во Интер и наредната сезона.
„Мауро сака да остане и тоа е неговиот избор. Ако Спалети сака да остане во Интер уште 100 години, тогаш Мауро ќе остане уште 150 години. Така ќе одговори и тој доколку го прашате“, изјави Ванда.
Останува да го почекаме летниот период и разрврската околу Аргентинецот и италијанскиот клуб. Ќе потсетиме Икарди најмногу се поврзуваше со трансфер во големиот ривал на Интер, Јувентус.