Дома Останати Кошарка НБА Дурант блесна, Голден Стејт во полуфинале (видео)

Дурант блесна, Голден Стејт во полуфинале (видео)

Голден Стејт ја доби серијата со ЛА Клиперс со вкупни 4:2 и закажаа пресметка со Хјустон во полуфиналето на Западната конференција.

Кевин Дурант имаше маестрална партија со 50 постигнати поени беше убедливо најдобриот во победата на Голден стејт во Лос Анџелес за пласман во полуфиналето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дурант во првото полувреме постигна 38 поени со што се израмни со Чарлс Баркли на второто место на вечната листа по бројот на поени во прво полувреме на плејоф натпревар. Рекордот изнесува 39 поени и е во сопственост на Мајкл Џордан.

Покрај Дурант, одлична вечер имаа и Стеф Кари со 24 поени и Дрејмонд Грин кој оствари трипл-дабл од 16 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Кај ЛА Клиперс, најпрецизен беше Данило Галинари со 29 поени.

Првиот натпревар помеѓу Голден стејт и Хјустон во полуфиналната серија ќе се игра в недела, додека полуфиналните пресметки во Источната конференција помеѓу Торонто –Филаделфија и Милвоки – Бостон започнуваат вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Детали за борбата на Мајк Тајсон и Џејк Пол

Majк Тајсон, еден од најдобрите боксери на сите времиња по пауза од 19 години ќе ја има пр…