Дома Фудбал Англија Суровата доминација на Манчестер Сити изразена во бројки

Суровата доминација на Манчестер Сити изразена во бројки

Пред нас е завршницата на една од најинтересните трки за титулата во Премиер лигата.

Бранителот на тронот, Манчестер Сити и Ливерпула цела сезона се во голема борба. Во еден момент прв беше Ливерпул, во друг Сити. До крајот сега има уште три кол, а Сити има еден бод повеќе од „црвените“. Тимот на Пеп Гвардиола има 89 бодови, Ливерпул 88.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бидејќи во игра се останати уште девет бодови, тешко е да се верува дека Сити кој гази се пред себе во Англија може да испушти бодови против Барнли, Лестер и Брајтон. Тимот на Клоп до крајот ќе игра со Хадерсфилд, Њукасл и Вулверхемптон. Во некои претходни сезони многу помалку бодови од оние кои сега ги има Ливерпул беа доволни за титулата. Сега може да се случи Ливерпул да освои 97 бодови и да остане со празни раце. Ќе потсетиме овој тим на титулата чека цели 29 години.

Голема предност за Сити е што Ливерпул го чекаат и два натпревари во полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона. „Граѓаните“ немаат обврски во Европа и можат да се фокусираат само на Премиер лигата каде што доминираат и газат се пред себе.

Колку резултатите на тимот на Пеп Гвардиола се големи зборува овој податок.

Имено, Манчестер Сити во последните 16 кола освои 45 бодови. Тоа е повеќе отколку Вест Хем, Кристал, Палас, Њукасл, Бурнемоут, Барнли, Саутемптон, Брајтон, Фулам, Кардиф и Хадерсфилд во целата сезона.

Како што сега стојат работите Ливерпул изгледа ќе мора и 30-та година да гледа како некој друг го крева трофејот во Лигата на шампионите, доколку Барнли, Лестер или Брајтон не приредат изненадување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …