За ривалството помеѓу Звезда и Партизан не треба да се трошат зборови, а поради тоа потегот на навивачите на Звезда во вчерашното 160-то „вечно дерби“ привлече огромно внимание од регионот.
Звезда на домашен терен го победи Партизан со 2:1. Меѓутоа она што привлекува најголемо внимание после натпреварот е паролата од страна на навивачите на Звезда за капитенот на Партизан, Саша Илиќ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Во секој какол има по некое жито. Добар капитен на најлошиот тим. Саша Илиќ – живели“, гласеше паролата со која „Делии“ ја воодушевија Србија и регионот.

На овој начин тие покажаа дека знаат да ценат нешто кога е добро, па дури и кога во прашање е нивниот најголем ривал.
Ниту Саша Илиќ не остана рамнодушен и после неговото последно дерби им испрати благодарност.
„За мене ова е доказ дека иако минав толку години во Паризан секогаш бев коректен кон Звезда и нејзините навивачи. Не сум играч кој сака да провоцира, ова беше моето последно „вечно дерби“, тажен сум поради поразот и им благодарам“, порача легендата на Партизан после натпреварот.