Дома Фудбал Италија Нови лоши вести за Милан

Нови лоши вести за Милан

Милан синоќа беше поразен од Лацио на домашен терен и не успеа да се пласира во финалето од Купот, а денес доживеа уште еден удар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Давиде Калабрија синоќа предвреме го заврши натпреварот со Лацио поради повреда, а денес му беше дијагностицирана фрактура на фубулата.

Првите извештани од Милано говорат дека на 22-годишниот десен бек ќе му бидат потребни најмалку два месеци да се рехабилитира.

Тоа значи дека сезоната е завршена за Калабрија, кој беше многу важен играч во тимот на Гатузо.

Калабрија оваа сезона одигра 33 натпревари, а Гатузо нема да може да смета на него во последните пет натпревари во кои „росонерите“ ќе се обидат да го зачуваат четвртото место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…