Дома Фудбал Останато Балотели се огласи со коментар на видео од неговата голема глупост во 2011 година (ФОТО)

Балотели се огласи со коментар на видео од неговата голема глупост во 2011 година (ФОТО)

Maрио Балотели без никакви дилеми е еден од најлудите фудбалери кои некогаш се појавил.

Иако сега изгледа по смирено отколку што беше на почетокот на кариерата, се уште знае од време на време Италијанецот да направи некој скандал, но тие не се ниту блиску до оние кои ги правеше претходно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Често и на теренот правеше големи глупости, а сите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на потегот кој го направи во 2011 година кога го носеше дресот на Манчестер Сити.

Во еден подготвителен натпревар тој одеше сам кон голот и одеднаш се заврте и со пета топката ја испрати покрај голот со што ги налути неговите соиграчи, а тогашниот тренер на Сити се држеше за глава.

Вчера една страница на Инстаграм одлучи да се потсети на ова промашување. Поставија видео од оваа ситуација, а потоа во коментар им се јави лично Марио Балотели.

„Мислев дека е офсајд. Кучкини синови“, порача Балотели и додаде:

„Плус слушнете го свирежот пред мојот шут. Затоа го направив тоа“, напиша Марио.

Италијанскиот напаѓач дресот на Сити го носеше од летото 2010 година до крајот на јануари 2013 година кога направи трансфер во Милан.

После Милан настапуваше за Ливерпул и Ница, а денес се уште игра во Франција во дресот на Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…