Финалната серија во АБА лигата помеѓу Црвена Звезда и Будуќност се уште е во центарот на вниманието поради неверојатните сцени кои се случија во последниот натпревар.
Звезда успеа да дојде до титулата со победа во мајсторката, но натпреварот беше обележан со инцидентот од навивачите на белградскиот тим поради што натпреварот доцнеше дури еден час.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многумина веруваа дека управата на АБА лигата ќе одлучи да го одложи натпреварот.
Целата приказна дојде и до реномираниот француски медиум „Л’Екип“ кој направи разговор со Едвин Џексон кој е член на Будуќност. Тој објасни што се случувало со што ја шокираше француската јавност.
„Беше неверојатно напнато кога стигнавме во салата. Тоа не е нешто чудно за градовите на Балканот бидејќи атмосферата знае да биде и тоа како жешка. Слушате навреди од трибините, но ова ги помина сите граници. Додека излегувавме на загревањето фрлаа кон нас со се и сешто секој играч беше погоден од еден предмет“.
„Потоа на загревањето на паркетот влегоа неколку навивачи на Звезда, а еден со столче се закануваше дека ќе не удри. Неверојатно е што обезбедувањето го немаше никаде. Во текот на целиот натпревар бевме навредувани. Дури во еден момент кон нас фрлија и цигла и мене ми беше ужасно страв. Ова нема врска со спортот и не ми е јасно како тој натпревар воопшто беше одигран“, објасни Џексон.
Насловот на „Л’Eкип“ за овој натпревар гласеше „Срамната вечер во Белград“.