Дома Фудбал Англија Покетино проговори за иднината на Ериксен: Тоа е специјална ситуација!

Покетино проговори за иднината на Ериксен: Тоа е специјална ситуација!

Иднината на Кристиан Ериксен е главна тама во последно време и се погласни се шпекулациите дека на лето би можел да го напушти Тотенхем.

Данецот синоќа повторно беше херој на „спарси“ и со неговиот гол му донесе многу важна понеда на тимот против Брајтон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се работи за многу специјална ситуација. Кристијан е специјална личност, сите ние сме различни. Мораме да го разбереме ова. Во споредба со други фудбалери, тајмингот и времето потребно за тој и клубот да договорат нешто е поразлично“, изјави Покетино.

„Се надевам и посакувам Кристијан да биде со нас во иднина. Мислам дека Ериксен и Тотнем се отворени за дискусија и ќе видиме што ќе се случи. По крајот на сезоната, ќе има многу време за дискусија“, додаде стратегот.

Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува во 2020 година, а двете страни се уште немаат најдено заеднички јазик за продолжување на соработката.

Ова лето Ериксен ќе влезе во последната година од договорот, па е последна шанса Тотенхем да заработи на неговиот трансфер.

За него силен интерес покажува Реал Мадрид, а наводно и самиот фудбалер е отворен за преселба на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…