Џовани Симеоне со своите одлични партии во Џенова го привлече вниманието на многу големи клубови, а еден од најзаинтересираните е Атлетико Мадрид, на чија клупа седи неговиот татко Диего Симеоне.
Атлетико веќе испратил понуда до Џенова за 21-годишниот напаѓач тешка 18 милиони евра, но италијанскиот клуб експресно ја одбил таквата понуда.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Меѓу заинтересираните клубови за Симеоне се и Севиља и Виљареал, а сумата која наводно би ја задоволило Џенова е помеѓу 25 и 30 милиони евра.
Симеоне оваа сезона во Серија А постигна 10 гола на 28 натпревари, а следната сезона би можел да игра за, или против својот татко.