Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски ја заврши тековната сезона и ќе биде надвор од терените во следните шест недели.
Алиоски вчера заработи повреда во натпреварот против Брентфорд и беше заменет уште во 12-тата минута. Колку голем хендикеп е ова за Лидс зборува податокот дека Алиоски беше стартер на 43 натпревари во сезоната, на два пред крајот се повреди.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Повредата на Алиоски кој игра во навистина добра форма и ја покрива целата лева страна на теренот е лоша вест и за Македонија. Прегледите покажаа дека Алиоски го скинал менискусот на коленото и сега го очекува операција.
Поради операцијата Алиоски ќе биде на рехабилитација подолг период и сигурно ќе ги пропушти натпреварите кои Македонија во јуни ќе ги игра против Полска и Австрија во рамките од квалификациите за Европското првенство. Очекувањата се Алиоски да паузира помеѓу шест и осум недели.
Директорот на Лидс изрази разочарување во јавноста од повредата на македонскиот фудбалер.
„Веста за повредата на Алиоски дека нема да игра до крајот на сезоната е разочарување за сите во клубот. Тој покажа голем квалитет, може да игра на различни позиции и е вистински пример за младите“, изјави директорот на Лидс, Виктор Орта.