Дома Фудбал Италија Интер даде дозвола: Икарди го напушта Интер, но и Италија за 70 милиони евра

Интер даде дозвола: Икарди го напушта Интер, но и Италија за 70 милиони евра

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди на крајот од оваа сезона скоро сигурно ќе го напушти Интер.

Икарди претходните два месеци помина низ вистински пекол на Меаца откако одби да игра бидејќи му беше одземена капитенската лента. Се започна кога Аргентинецот одби да го продолжи договорот и даде јасна порака на челниците на клубот дека сака да замине по крајот на сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако многумина мислеа дека нема да заигра до крајот на сезоната, од Интер одлучија да го вратат во тимот иако навивачите на овој клув јасно порачаа дека тој за нив е мртов.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Икарди веќе им кажал на челниците на клубот дека сака да го напушти Интер на лето и време е да направи чекор во својата кариера.

Прво се шпекулираше дека може да премине во Јувентус, но очигледно има желба да замине надвор од Италија. Газета дело Спорт утрово објави дека Икарди се договорил со ПСЖ и од следната сезона ќе го гледаме во дресот на Парижаните.

Интер наводно ја прифатил понудата од 70 милиони евра за Икарди што е добро завршена работа за нив со оглед дека наскоро му истекува договорот. Икарди во ПСЖ би требало да биде прв напаѓач со оглед дека Паркот на Принцевите веројатно ќе го напушти Едисон Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…