Ѕвездата на Сасуоло, Доменико Берарди го договори трансферот во Интер, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јувентус имаше прв опција за негово купување, но играчот преферира преселба во Интер. Берарди е голем навивач на Интер од мали нозе и тоа не го крие, па и минатото лето одби да се пресели во Јувентус, а тоа наводно ги натерало „бјанконерите“ да се откажат од него.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „нероаѕурите“ веќе го договориле неговото доаѓање на „Џузепе Меаца“ и за тоа ќе му платат на Сасуоло 40 милиони евра.
Покрај Берарди, Интер е заинтересиран и за Бернардески од Фиорентина, а најверојатно овие два трансфери ќе бида финансирани од продажбата на Иван Перишиќ.