Елиф Елмас секојдневно се поврзува со трансфер во повеќе клубови ширум Европа, а еден клуб се почесто се споменува.
Неодамна се појави вест дека спортскиот директор на Интер, Бепе Марота започнал преговори за ангажман на Елиф Елмас, а денес се појави дополнување на оваа најава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, „нероаѕурите“ се спремни да понудат и играч за да го убедат Фенербахче да го пушту Елмас во нивните редови.
Според информациите тие за Елмас се спремни да го понудат бразилскиот дефанзивец Жоао Миранда.
Во Интер знаат дека на Фенер ќе му биде потребен дефанзивец после заминувањето на Шкртел и се надеваат дека Миранда ќе биде „мамец“ за турскиот клуб да го ослободи Елмас.
Миранда во дресот на Интер одигра 104 натпревари, но со доаѓањето на Диего Годин и одличната форма на Скриниар тешко дека ќе има простор за игра. Меѓутоа не е познато дали Фенербахче го сака Миранда како решение за одбраната, од Интер е се спремни да доплатат и десет милиони евра.
Сега се чека одговорот на турскиот гигант за кој досега е познато дека сака од Елмас да добие 20 милиони евра, сума која ќе им помогне да покријат една третина од долговите во кој се најде клубот.
Освен Интер претходно со Елмас се поврзуваа, Фиорентина, Лацио, Тотенхем, Манчестер Сити, а како најсериозен се истакнуваше Атлетико Мадрид.