Манчестер Јунајтед денес претрпе висок пораз од 4:0 на гостувањето кај Евертон.
Екипата на Оле Гунар Солскјер дојде по три бода на „Гудисон Парк“, тие бодови им беа и тоа како потребни во борбата за топ 4, но натпреварот за нив заврши катастрофално.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пол Погба повеќе пати од кога дојде Солскјер во Јунајтед беше херој за навивачите, но денес трпи многу критики поради неговото однесување во тунелот пред почетокот на натпреварот.
Тој пред почетокот на натпреварот се смееше со играчот на Евертон, Курт Зума и тоа не им се допадна на навивачите.
Изненаден од однесувањето на Погба беше и легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер кој беше стручен коментатор во судиото на „Скај Спорт“.
„Изненаден сум кога гледам како некои играчи разговараат и се смеат во тунелот пред самиот почеток на натпреварот. Не знам можеби ова е некоја друга генерација, кога јас играв ретко кој се однесуваше така додека излегувавме на теренот“, изјави Карагер.
Ако Карагер беше благ во критиките такви не беа навивачите на Манчестер Јунајтед кои остро го осудија таквото однесување на францускиот фудбалер.