Дома Топ вести Нов обид на „Кралевите“ да го донесат него на голманската позиција

Нов обид на „Кралевите“ да го донесат него на голманската позиција

de gea

Кралскиот фудбалски клуб Реал Мадрид и актуелен европски шампион е во потрага по нов голман за следната сезона, а првото име на нивниот список е голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа.

На Сантијаго Бернабеу не се премногу задоволни од изданијата на Кејлор Навас и по секоја цена сакаат да го доведат Де Хеа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клубовите веќе ги започнале преговорите, а според вестите што пристигаат од Олд Трафорд ‘Црвените ѓаволи’ за 26 годишниот Шпанец бараат 77 милиони евра.

Де Хеа стигна во Манчестер Јунајтед во јуни 2011 година од Атлетико Мадрид за 20 милиони евра, што е британски рекорд за некој голман.

Британските медиуми наведуваат дека Манчестер Јунајтед веќе пронашол замена за Шпанецот, а тоа е голманот на Атлетико Мадрид Јан Облак, но проблем претставува големото обесштетување.

Според пишувањето на Marca, Облак може да го напушти Атлетико само ако се појави купувач што е подготвен да плати 100 милиони евра, што е највисоката отштетна клаузула во историјата на мадридскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …