Дома Фудбал Срушени сите рекорди: Реал го потпишува најскапиот спонзорски договор во историјата

Срушени сите рекорди: Реал го потпишува најскапиот спонзорски договор во историјата

Фудбалот од поодамна стана бизнис, па покрај битките на теренот се водат големи и надвор од него. Сериозна „војна“ се води и помеѓу гигантите на производство на спортска опрема, а пред сите тука се американскиот „Најк“ и германскиот „Адидас“.

Само еден ден откако се појави информацијата дека „Најк“ сака да потпише спонзорски договор со Ливерпул со што би го соборил рекордот во Премиер лигата (867.000.000 за 10 години) кој во овој момент го држат „Адидас“ и Манчестер Јунајтед, германскиот гигант возвраќа, но на друг фронт.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Примера каде што уште од ноември траат преговорите за продолжување на соработката со Реал Мадрид. Според важечкиот договор „кралевите“ покрај комплетната оперма, добиваат и околу 50 милиони евра годишно, што сепак не е многу за трикратен европски шампион. Барселона од „Најк“ добива дури 155 милиони по сезона, што изгледа ќе остане рекорд.

Според најавите од шпанските медиуми Реал Мадрид е пред договор со „Адидас“ со кој ќе бидат срушени сите рекорди. Имено, двете страни се блиску да договорат 10-годишна соработка од која „кралевите“ со вклучени бонуси ќе добијат неверојатни 1,6 милијарди евра.

Како што пишува „АС“ договорот помеѓу гигантот од Мадрид и светската компанија би требало да биде постигнат најмногу во наредните два до три месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…