Дома Топ вести Во Шпанија сигурни: Ериксен е на чекор од Реал Мадрид!

Во Шпанија сигурни: Ериксен е на чекор од Реал Мадрид!

Ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен на лето најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, ексклузивно пренесува весникот „АС“.

Данскиот репрезентативец има договор со Тотенхем до 2020 година, но преговорите за новиот договор се прекинати и англискиот клуб ќе мора налето да го продава фудбалерот доколку сака да заработи на него.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ас“ пишува дека Флорентино Перез чека знак од менаџерот на Ериксен и планира првично да понуди 80 милиони евра.

27-годишниот плејмејкер веќе донел одлука да ја промени средината и негова желба е да се пресели во Мадрид, но сега е фокусиран на финишот на сезоната со Тотенхем.

„Како што беше случај и со Еден Азар, Реал Мадрид се наоѓа во одлична ситуација да го комплетира трансферот на Ериксен, кој во други услови би бил сметан како прескап. Ниту освојувањето на титулата во ЛШ не би ги променила работите и Ериксен се очекува налето да дојде на „Сантијаго Бернабеу“, пишува „Ас“, кој е секогаш добро информиран за случувањата во „кралскиот“ клуб.

Тотенхем се наоѓа пред „свршен“ чин, бидејќи фудбалерот има уште една година договор, но ќе се обиде од неговиот трансфер да заработи приближно 100 милиони евра.

Реал Мадрид има одлични односи со „спарси“ и поради тоа медиумите се оптимисти дека трансферот брзо ќе биде договорен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…