Дома Трансфер зона Интер заинтересиран за Сампаоли!

Интер заинтересиран за Сампаоли!

Милански Интер веќе почна да бара тренер за следната сезона бидејќи не е задоволен од Стефано Пиоли. „Нероаѕурите“ после поразот од Сампдорија шансите за излез во ЛШ ги сведоа на минимум.

Поради тоа се очекува Интер на крајот на сезоната да ја прекине соработката со Пиоли, а со оглед на фактот дека најголемата желба Антонио Конте ќе остане во Челзи, како главен кандидат се споменува Хорхе Сампаоли.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ексцентричниот Аргентинец бележи одлични резултати со Севиља оваа сезона, иако тимот од Андалузија се наоѓа во криза последните недели.

Најголемите желби на „нероаѕурите“, Антонио Конте и Диего Симеоне нема да ја менуваат средината ова лето, па поради тоа раководството се насочи кон Сампаоли.

Меѓу кандидатите се споменуваат уште и тренерот на Рома, Лучијано Спалети како и одличниот кормилар на Монако, Леонардо Жардим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…