Фаворитите во Источната конференција ја вратија предноста воплејоф сериите откако славеа како гости кај Индијана, односно Орландо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бостон Селтикс се наоѓа пред пласман во полуфиналето на плејофот во на Источната конференција откако како гостин со 104:96 ја совлада Индијана и поведе со 3:0 во победи. Лидер во триумфот на Бостон беше Џејлен Браун со 24 поени, додека Кајри Ирвинг уфрли 19 поени и имаше 10 асистенции.
https://youtu.be/XXPv3gjM1DY
Составот на Оклахома во третиот меч стигна до првиот триумф во четвртфиналната серија со Портланд победувајќи со 120-108. Клучна улога во првиот триумф на Оклахома одигра Расел Вестбурк. Првата виолина во екипата постигна 33 поени, а додаде уште 11 скокови и 5 асистенции. Оклахома со победата намали на 2-1 во серијата, а во следниот меч на домашен терен ќе може да изедначи.
https://youtu.be/JUN-2hV1UU8
Торонто репторс со триумфот од 98:93 како гостин поведе до 2:1 во победи против Орландо и ја предноста во плејоф серијата. Незадржлив во редовите на Торонто беше Паскал Сиакам со 30 поени и 11 скокови.
https://youtu.be/Ka61YLMVVq0