„Скај Италија“ пренесува дека Наполи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Тотенхем, Киран Трипие.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наполи се спремна за реконструкција на тимот после уште една разочарувачка сезона без трофеј.
Сопственикот Де Лаурентис истакна дека ќе ги задржи најдобрите фудбалери, пред се Кулибали и Инсиње, но и дека ќе му даде солиден буџет на Анчелоти за засилувања.
„Скај Италија“ пренесува дека Наполи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Тотенхем, Киран Трипие и веќе ги направил првите контакти.
Хисај е во преговори со клубот за нов договор и неговата иднина на „Сан Паоло“ е неизвесна, па прва желба на Анчелоти за десната бековска позиција е токму Трипие.
Трипие е член на Тотенхем од 2015 година, оваа сезона запиша 33 настапи во сите натпреварувања и игра одлично.
Сепак, тешко е да се поверува дека „спарси“ ќе се согласат да го пуштат.