Дома Останати Ракомет Изненадување: Вардар и Металург во СЕХА лигата ќе играат против кинески клуб!

Изненадување: Вардар и Металург во СЕХА лигата ќе играат против кинески клуб!

Изненадувачка вест ни доаѓа од светот на ракометот.

Македонија, Србија, Хрватска, Белорусија, Романија, Словачка, Босна и Херцеговина, а од наредната сезона и – Кина!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е шега, управата на СЕХА лигата денес објави дека едно од 12-те места во новиот формат на натпреварување ќе му припадна на Универзитетот од Пекинг за спорт (БСУ).

„Влегувањето на кинескиот тим ќе означи нова ракометна ера во регионот и СЕХА – Газпром лигата. Нашата цел е да ги прошириме хоризонтите и да отвориме пазар на југоисточна Европа, но и да гледаме надвор од европските граници“, изјави претседателот на СЕХА лигата, Михајло Михајловски.

За деталите на соработката не се зборуваше премногу, не знаеме за каков договор клубот од Пекинг добил место во СЕХА лигата. Дали платиле? И колку ако платил? Или само на клубовите од регионот ќе им биде овозможено да се претстават на Далечниот исток…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…