Дома Фудбал Италија Јуве и Интер продолжуваат со преговорите, но Дибала не е заинтересиран?

Јуве и Интер продолжуваат со преговорите, но Дибала не е заинтересиран?

Италијанските медиуми минатите неколку дена повторно пишуваа околу наводни преговори помеѓу Интер и Јуве за голема трампа.

Наводно Јувентус и Интер сакаат да договорат трампа во која Дибала ќе го облече црно-синиот дрес, а Мауро Икарди црно-белиот дрес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот трансфер експерт Алфредо Педуља тврди дека италијанските клубови ги продолжиле преговорите и работат на постигнување договот за размена на споменатите играчи.

Сепак, Педуља дознава дека Дибала сака да остане во Јуве ова лето, а доколку биде приморан да го напушти Торино, повеќе би сакал трансфер во друга лига.

И Газета дело Спорт пишува дека Дибала не сака да го напушти Јувентус, но дека може да го промени мислењето после состанокот со челниците на Јувентус во наредните денови.

Да потсетиме, шпекулациите за можна размена помеѓу Јуве и Интер повторно се појавија откако Јуве испадна од ЛШ во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…