Барселона со високи 3:0 го победи Манчестер Јунајтед во реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампиони, а Марк Андре тер Штеген немаше многу работа.
Сепак, германскиот голман со еден свој потег го воодушеви целиот свет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот гол на Лео Меси беше по директна вина на Давид Де Геа, камерите го фатија Тер Штеген дека не го слави голот.
Имено, голманот на Барса се солидализира со својот колега и не се радуваше на неговата грешка.
„По натпреварот му кажав на Де Геа дека сите сме луѓе и дека тоа може да ми се случи и мене и на секој друг. Вистината е дека ми требаше малку време за да го прославам голот, затоа што тој игра на истата позиција како мене и јас можев да ја почувствувам неговата болка. Сепак, животот ќе продолжи“, истакна Марк Андре тер Штеген.
Ter Stegen about De Gea’s mistake: I didn’t celebrate that much the second goal, to be honest. He’s my colleague, and this can happen to everyone. I told him after the game that we are all humans, this could happen to me as well”.
— Nina ? (@ninellecule) April 18, 2019