Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е спремен да плати 60 милиони евра за играчот на Интер и хрватски репрезентативец, Иван Перишиќ.
Мурињо неодамна беше во Загреб за во живо да го гледа Перишиќ, па се одлучил да реагира брзо бидејќи стравува дека Хрватот може да заврши во некој друг клуб.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ во денешото издание тврди дека раководството на Интер одлучило да го стави Перишиќ на трансфер листа поради Финансискиот фер-плеј. Па „нероаѕурите“ планираат со неговата продажба да ги финансираат трансфероте на Бернардески од Фиорентина и Берарди од Сасуоло.
Весникот пишува дека жртвувањето на Перишиќ ќе биде болно за Интер со оглед на неговата улога во тимот, но раководството сака да ја продолжи политиката на доведување млади Италијанци на „Џузепе Меаца“.
#Inter to sell #Perisic to #ManUtd for €60M, and invest up to €70M for #Sassuolo's #Berardi and #Fiorentina's #Bernardeschi (GdS)
— Vieri Capretta (@VieriCapretta) April 6, 2017
Мурињо сака што е можно побрзо да го договори трансферот и да го осигура потписот на Перишиќ за кого силен интерес покажува и Антонио Конте.
Доколку се реализира трансферот Перишиќ ќе стане најскапиот хрватски фудбалер во историјата, бидеќи „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 60 милиони евра за неговиот потпис.