Дома Фудбал Лига на шампиони Лудата прослава во соблекувалната на Тотенхем: Покетино славеше слично како Симеоне и Роналдо (ВИДЕО)

Лудата прослава во соблекувалната на Тотенхем: Покетино славеше слично како Симеоне и Роналдо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем вчера во фантастичен натпревар остварија победа и се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако запишаа пораз од 4:3 на гостувањето кај Манчестер Сити, поради минималната победа во првиот натпревар тие поминаа во следната фаза.

Манчестер Сити во последните секунди од натпреварот успеа да постигне гол кој требаше да ги одведе во полуфиналето, но после реакцијата на ВАР судијата Чакир го поништи тој погодок.

Секако дека во Тотенхем беа пресреќни од големата победа, а славјето на тимот дополнително се зголеми кога во соблекувалната влезе нивниот тренер Маурисио Покетино.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Перез за време на „Ел Класико“ го зеде телефонот и направи клучен повик

Поразот во Ел Класико беше јасен знак за Флорентино Перез да сега мора да започне со проме…