Дома Фудбал Лицето на Гвардиола кога ВАР го поништи голот во судиското продолжение (ВИДЕО)

Лицето на Гвардиола кога ВАР го поништи голот во судиското продолжение (ВИДЕО)

Тотенхем успеа да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите каде што ќе игра против Ајакс.

„Петлите“ во полуфиналето се пласираа благодарение на гостинските голови. На домашен терен го победија Манчестер Сити со 1:0, додека во реваншот на „Итихад“ изгубија со 4:3.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Доколку немаше ВАР можеше Тотенхем да се прости од Лигата на шампионите бидејќи Рахим Стерлинг во третата минута од судиското продолжение постигна петти гол за Сити, но судиите од ВАР собата го поништија.

Стерлинг погоди после асистенција од Агуеро, но Аргентинецот во завршницата од акцијата беше во офсајд.

Рахим Стерлинг сепак го прослави голот, баш како Пеп Гвардиола и навивачите на стадионот пред да се јави ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул се соочува со правни пречки за потпишување на играчот од 100 милиони евра

Ливерпул ги одложи своите планови за ангажман на ѕвездата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, пор…