Во летото кое следи очекуваме голем трансфер на македонскиот бисер Елиф Елмас, голем број клубови се поврзуваат со ангажман на Македонецот и тешко е да се поверува дека тој и наредната сезона ќе го носи дресот на Фенербахче.
Во медиумите името на Елмас се поврзуваше со Лацио, Фиорентина, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити…Денес „Газета дело спорт“ ексклузивно пренесува дека во трката Елмас се вклучил и Интер.
#Inter, #giovani nel mirino #Marotta pensa ad #Elmas https://t.co/EUPADG12Sp #serieA #inter pic.twitter.com/WDv0IQC2XM
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) April 17, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот реномиран медиум најавува дека во Интер сериозно ќе ја разгледаат можноста да го ангажираат Елмас кој игра се подобро. Многу за Елмас почна да се пишува после двата одлични настапи за репрезентацијата на Македонија во рамките од од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Дополнително вниманието на себе македонскиот фудбалер го привлече кога за викендот успеа во своето прво големо дерби помеѓу Фенербахче и Галатасараај (1:1) да се запише во листата на стрелци.
„Газета“ пишува дека во Интер за Елмас наводно се спремни да испратат понуда во износ од околу 15 милиони евра. Според информациите новиот спортски директор на Интер, Бепе Марота сака ова лето освен искусни фудбалери да доведе и млади играчи околу кои во иднина ќе се гради тимот.
Меѓутоа прашање е дали сумата од 15 милиони евра која се споменува ќе биде доволна затоа што вчера во турските медиуми се пишуваше дека за Фенебахче нема да преговара за продажба на Елмас за помала сума од 20 милиони евра.