Реал Мадрид ова лето ќе потроши огромна сума на засилувања, меѓутоа кралскиот клуб не планира да троши така едноставно.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од најбараните млади играчи на денешницата сигурно е офанзивецот на Бенфика, Феликс, кој како што сега стојат работите нема да го гледаме следната сезона на Сантијаго Бернабеу.
Реномираната Марка пишува дека Реал се откажал од Феликс и нема намера да ја активира откупната клазула во износ од 120 милиони евра.
Младиот Феликс се споредува со сонародникот Кристијано Роналдо, а претходно за неговите услуги беа заинтересирани уште и Јувентус, Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед.
Инаку, Феликс го застапува Хорхе Мендес и според способноста на овој менаџер, 19-годишниот играч сигурно го очекува одличен трансфер.