Според информациите кои ги пишуваат шпанските медиуми, Реал сака да ја наполни касата, Иско е на продажба и само една работа би можела да го спречи трансферот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зидан има други планови, голем проблем за Иско е неговото однесување во текот на сезоната, Перез се уште е лут, а со доаѓањето на Азар наскоро би значело и продавање на шпанскиот репрезентативец. Реал ја гледа шансата да ја наполни касата, ако Манчестер Сити ќе може да купува.
Имено, Гвардиола со задоволство би го гледал Иско во неговиот тим, особено бидејќи Гундоган не сака да го продолжи договорот и си заминува, а Пеп би можел да го доведе Шпанецот во екипата. Цената, како што тврди „ABC“ е околу 95 милиони евра, Јуве долго се интересира за Иско, но има други приоритети во овој момент, а нема ниту да се согласи да го промени Диабала за Иско.