Откако што Баерн ја победи Борусија со големи 5:0 и стекна капитална предност пред завршвуање на Бундеслигата, изгледаше дека тоа ќе биде доволно Нико Ковач да го купи потребниот мир и да ја зацементира својата позиција на баварската клупа.
Меѓутоа, управата на клубот изгледа дека не мисли така. Угелдниот италијански весник „Corriere dello Sport“ на својата насловна страна пренесува вест дека германскиот шампион ги отворил преговорите со Антонио Конте. Пишуваат дека поранешниот тренер на Јувентус и Челзи во моментов размислува за трансфер во Монако или Баерн, додека, барем за сега, ја одбил можноста да се врати во Италија, каде што за него се заинтересирани Рома и Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Конте врвот на својата тренерска кариера ја доживеа во Јувентус со кого освои три титули шампион на Италија, додека со Челзи дојде до титулата во Премиер лигата сезоанта 2016/17.
Corriere Dello Sport today. No translation needed. pic.twitter.com/HfdjRK0USy
— ♯κᴏνᴀᴄᴏᴜт (@einschusseintor) April 16, 2019