Дома Трансфер зона Брозовиќ го бркаат од Интер, тој веќе си најде нов клуб

Брозовиќ го бркаат од Интер, тој веќе си најде нов клуб

Фудбалерот на Интер, Марсело Брозовиќ беше главен виновник за поразот од Сампдорија, па веднаш започна кампања на навивачите кои сакаат да го „избркаат“ од клубот.

Навивачите не престануваат со критики на адреса на Брозовиќ и сакаат Хрватот што поскоро да си замине од „Џузепе Меаца“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа до таков расплет ќе дојде во летниот преоден рок, бидејќи според информациите од италијанските медиуми Брозовиќ веќе си нашол нов клуб.

Хрватот на Инстаграм почна да ја следи страната на Манчестер Јунајтед, што веднаш беше повод за медиумски шпекулации.

Веднаш почнаа да се поврзуваат сториите дека Жозе Мурињо неодамна беше во Загеб да го гледа токму Брозовиќ и дека „црвените ѓаволи“ веќе оствариле контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…