Фудбалерите на Јувентус утре на свој терен играат против Ајакс во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Првиот натпревар кој се играше минатата недела во Амстердам беше завршен 1:1 и Ајакс покажа дека на Јувентус нема да му биде така лесно на патот кон полуфиналето од ова натпреварување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Холандскиот клуб во осминафиналето го елиминираше Реал Мадрид и покажа дека е клуб кој може да приредува изненадувања и во Ајакс имаат право да се надеваат дека може да го шокираат Јувентус и да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Ајакс во првото полувреме изгледаше одлично во средниот ред и во целост во сенка ги „фрлија“ играчите за врска на Јувентус. Тоа посебно се однесува на Босанецот, Миралем Пјаниќ кој не беше на нивото на какво што се очекуваше да биде.
Сега за Пјаниќ зборуваше легендарниот Рафаел Ван Дер Варт кој изјави дека неутрализирањето на Пјаниќ е еден од клучните детали ако сакате да бидете конкурентен на Јувентус.
„Дони Ван Де Бек одлично одигра измеѓу редовите во средниот ред. И тоа како му ја отежнуваше задачата на Миралем Пјаниќ и тоа беше клучно ако мене ме прашувате. Тоа мораат да го направат и во реваншот. Италијанецот не се навикнати да играат под притисок и ако им го затворите најважниот играч во средниот ред тогаш се готово. Верувам во Ајакс и би сакал да победат“, изјави Ван Дер Варт.