Денес на програмата е големото дерби на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Челзи, натпревар кој може да го одреди исходот на целата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Ливерпул му е потребна победа за да остане во трка за шампионската титула, но бодовите му се потребни и на Челзи кој се бори за пласман во Топ 4 и настап во Лига на шампиони следната сезона.
Пред денешното дерби интересна изјава даде поранешниот тренер на Челзи, Жозе Мурињо.
„На Челзи му се потребни бодови, ова е натпревар во кој двата тима мораат да победат. Сетете се кога последен пат Ливерпул беше блиску до титулата, токму Челзи го расипа славјето на Енфилд“, изјави Мурињо, кој тогаш седеше на клупата на „сините“.
Дали Челзи и денес ќе успее да го расипе славјето на Ливерпул, или „црвените“ ќе освојат три бода, ќе дознаеме после 17:30 часот.