Дома Останати Авто Мото Верстапен полуде: Возачите на Рено и Фетел ги нарече дебили! (ВИДЕО)

Верстапен полуде: Возачите на Рено и Фетел ги нарече дебили! (ВИДЕО)

Квалификациите за Големата награда за Кина беа одржани утрово, а пол позиција освои возачот на Мерцедес, Валтери Ботас.

Мерцедес повторно доминираше на патеката пред Ферари кои не беше вистински конкурент. Ботас и Хамилтон ќе стартуваат од првиот ред, додека зад нив ќе бидат возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Чарлс Леклер.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Зад Мерцедес и Ферари, како по традиција оди Ред Бул. Макс Верстапен ќе стартува од петтата позиција, додека од шестата позиција започне неговиот тимски колега Пјер Гасли.

Токму Верстапен беше во центарот на вниманието после трката бидејќи беше бесен на останатите возачи. Пред завршниот круг Верстапен излезе на патеката како еден од првите, а потоа беше шокиран кога го поминаа Фетел и возачите на Рено, Рикардо и Хулкенберг.

Возачите на Формула 1 имаат договор да го почитуваат поредокот после излегувањето на патеката, но од Ферари и Рено го прекршија тој договор, а тоа многу го налути Верстапен кој едноставно полуде.

„Ова е е*ено ср*ње. Тоа се дебили искрено. Сите се наредивме и тогаш тие се упропастија. Се обидуваш да бидеш фин кон сите, а тие се упропастуваат“, порача Верстапен преку радиото на својот тим.

Верстапен после квалификациите пред новинарите зборуваше за овој момент.

„Го имаме тој договор да се почитува линијата и поредокот кога ќе се излезе на патеката. Се одеше како што треба, а тогаш Фетел и уште два болиди на Рено ме поминаа. Ми расипаа се, целата припрема за последниот круг. Од сега се ќе се промени и јас наредниот пат ќе постапам како нив“, изјави Верстапен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Еден од најпознатите возачи во Формула 1 со солзи во очите најави крај на кариерата 🎥

Даниел Рикиардо денеска можеби ја возеше својата последна трка во кариерата. На патеката в…