Дома Трансфер зона Матс Хумелс на кстопат – може да замине од Баерн!

Матс Хумелс на кстопат – може да замине од Баерн!

Германскиот дефанзивец Матс Хумес е пред донесување на ваќна одлука за својата иднина. 30-годишниот фудбалер не е убеден дека треба да остане во Баерн Минхен и сака да искуси нова авантура, пренесуваат германските медиуми.

Последните месеци се доста тешки за Хумелс, откако селекторот Јоаким Лев му ја затвори вратата на репрезентацијата. Притоа, Баерн се спремна за реконструкција на тимот ова лето, па многу е веројатно Хумелс да падне во втор план.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Баварците веќе го купија Лукас Хернандез, притоа сакаат да го донесат и Де Лихт, па поради тоа иднината на Хумелс на „Алијанц Арена“ е неизвесна.

Дефанзивецот наскоро ќе има средба со раководството за да ги слушне плановите на Баерн, пред да донесе конечна одлука.

Доколку Германецот се одлучи за трансфер, тоа сигурно ќе биде надвор од Бундес лигата. Премиер лигата и Примера се дестинации кои ги преферира дефанзивецот, но не треба да се исклучи и трансфер во Јувентус и Пари Сент Жермен, клубови кои покажуваат интерес за него.

Хумелс пристигна во Баерн Минхен во 2016 година и има договор со баварскиот гигат до 2021 година, а неговата цена на трансфер пазарот изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…