Иако тимот на Баерн моментално се наоѓа во одлична форма, сепак „Билд“ пренесува дека било многу тензично на последниот тренинг на Баварците.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еминентниот германски весник пренесува дека на денешниот тренинг дошло до физичка пресметка меѓу фудбалерите, а во главна улога биле Кингсли Коман и Роберт Левандовски.
Двајцата фудбалери си размениле неколку тешки зборови, а потоа дошло и до физичка пресметка, по што останатите соиграчи требало да ги разделуваат.
Тренерот Нико Ковач наместо да ги казни и да ги испрати во соблекувална, им дозволи до крај да го одработат целиот тренинг.
Иако не се знае точната причина за инцидентот, ова не е прв пат Бавраците оваа сезона да имаат проблеми со атмосферата во тимот.
Баерн во минатото коло со 5-0 го декласираше тимот на Борусија Дортмунд, па по долго време се врати на првата позиција во Бундеслигата.
#FCBayern: Schlägerei zwischen Robert #Lewandowski und Kingsley #Coman https://t.co/KDYLWrlTGG
— SPORT BILD (@SPORTBILD) April 11, 2019