Атлетико Мадрид, Виљареал и Атлетик Билбао со победи го отворија 30.коло во Примера, во кое дерби мечот во среда ќе го одиграат Барселона и Севилја.
Атлетико, во малото дерби славеше над Реал Сосиедад 1:0, со голот на левиот бек Фелипе Луис во 28.минута. Тимот на Диего Симеоне се наоѓа од серија во пет победи, а триумфот над Сосиедад можеше да биде и поубедлив, но Фернандо Торес два пати, односно Караско и Кореа не реализираа „мртви шанси“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бетис во Севилја го пречека тимот на Виљареал и загуби минимално 0:1. Решавачкиот гол го постигна Адријан Лопез во втората минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме. Бетис можеше да стигне до еден бод, но ударот на Себаљос во 95.минута заврши во дирекот.
Атлетик Билбао, го искористи поразот на Виљареал и се искачи на шестата позиција на табелата, откако со 2:0 го победи Еспањол. Стрелец на двата гола уште во првото полувреме беше ветеранот Адуриз.