Дома Фудбал Лига на шампиони Ајакс порачува: Баш ни е гајле што другите зборуваат (ВИДЕО)

Ајакс порачува: Баш ни е гајле што другите зборуваат (ВИДЕО)

Aјакс вечерва во Амстердам од 21:00 часот го пречекува Јувентус во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Тимот кој е хит оваа европска сезона во осминафиналето го елиминираше Реал Мадрид со фантастична победа од 4:1 во Мадрид и тука младиот Ајакс покажа дека не се плаши од никого. Тоа му го порача на Јувентус со видеото кое го објави на официјалниот „Јутуб“ канал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Холандскиот тим како инспирација го искористи познатиот хит на Армин Ван Бурен. Неговиот спот го спои со исечоци од овогодинешната Лига на шампионите, а главниот
стих од песната „Аnd we don’t even cere what they say“, очигледно станал мото на овогодинешниот Ајакс: „Баш ни е гајле што другите зборуваат“.

Армин Ван Бурен инаку е голем навивач на Ајакс и често пати на Твитер ги честите големите победи на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…