Дома Трансфер зона Фабрегас на чекор од трансфер во Истанбул!

Фабрегас на чекор од трансфер во Истанбул!

Турскиот шампион, тимот на Бешикташ е на чекор до реализирање на трансферот на Цеск Фабрегас, пренесуваат англиските медиуми.

Имено, челните луѓе на Бешикташ се одлучни во намерата во своите редови да ја донесат ѕвездата на Челзи, Цеск Фабрегас и веќе отпатувале во Лондон на преговори.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Претседателот на турскиот клуб, Фикрет Орман се наоѓа во Лондон каде ќе има средба со претставници на „сините“ и веќе е направен првиот чекор во реализација на овој трансфер кој би требало да биде финализиран на лето.

Покрај Бешикташ, за Фабрегас силен интерес покажува и Галатасарај, но турските медиуми тврдат дека Шпанецот е многу блиску до трансфер во Бешикташ.

Најголема причина за заминувањето на Фабрегас од Челзи е малата минутажа која ја добива оваа сезона, бидејќи тренерот Конте во средниот ред игра со тандемот Матиќ – Канте, а Шпанецот главно ја грее клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …