Ливерпул со 2:0 ќе патува на реваншот во Португалија против Порто и е блиску до пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, втора година во низа.
„Црвените“ со головите на Кеита и Фирмино во првото полувреме обезбедија добра предност пред реваншот, а покрај тоа имаше уште возбудувања и шанси на „Енфилд“. Мрежите повеќе не се тресеа, иако Фирмино и Салах, посебно Марега на друга страна имаа големи шанси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен една добра шанса, Салах имаше и остар старт во 84-та минута. Овој старт главниот судија на натпреварот не го санкционираше ниту со жолт картон, а немаше реакција и од ВАР.