Фудбалерите на Тотенхем вечерва го поразија Манчестер Сити со 1:0 на домашен терен во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Возбудувањата во овој натпревар започнаа веќе во 13-тата минута кога Дени Роуз направи пенал, а Агуеро имаше прилика од белата точка да го доведе својот тим во водство. Сепак, ударот на Аргентинецот Лорис го одбрани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добра прилика кон крајот на првото полувреме имаше Хари Кејн, но неговиот удар Хендерсон го изблокира. Од тој момент до крајот на првото полувреме не се случуваше ништо посебно.
На почетокот на првото полувреме на едната страна се закани Стерлинг, за една минута подоцна да возврати Сон, но резултатот не се менуваше.
Само неколку минути подоцна Тотенхем се соочи со проблеми. Хари Кејн се повреди и на негово место во игра влезе Лукас Моура.
Сепак, тоа не влијаеше многу на играта на „петлите“ кои до предност стигнаа во 78-та минута кога после топката која ја испрати Ериксен одлично се снајде Сон Хеунг Минг кој погоди за 1:0.
Имаше Сон уште една добра прилика до крајот на натпреварот, но не успеа да ја искористи, па резултатот остана 1:0.
Реваншот се игра на „Итихад“ за осум дена и сигурно дека ќе биде и тоа како интересен.
Во вториот натпревар вечерва Ливерпул ја оправда фаворитската улога и го победи Порто со 2:0. Головите за „црвените“ ги постигнаа Наби Кеита и Роберто Фирмино во првото полувреме.