Дома Фудбал Официјално: Избран домаќинот за Копа Америка 2020 година!

Официјално: Избран домаќинот за Копа Америка 2020 година!

На денешниот состанок на фудбалскиот сојуз на Јужна Америка КОНМЕБОЛ донесе одлука Аргентина и Колумбија да бидат заеднички организатори на Копа Америка наредната година.

Oд КОНМЕБОЛ истакнаа дека на турнирот во 2020 година како и оваа година ќе учествуаат десет јужноамерикански репрезентации и две гостински селекции. Оваа година на првенството во Јужна Америка ќе ги гледаме Јапонија и Катар.

Појаснето е дека репрезентациите ќе бидат поделени во две групи со по шест тимови на основа на географската положба, на северна и јужна зона. Колумбија така ќе игра во група со Бразил, Еквадор, Венецуела, Перу и една гостинска селекција.

Од друга страна, Аргентина ќе се сретне со Чиле, Парагвај, Боливија, Уругвај и втората гостинска селекција.

Првите четири репрезентации од двете групи ќе играа во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …