Веќе подолго време се шпекулира дека Иско е на излезните врати на Сантијаго Бернабеу, а некои медиуми сметаат дека нема го спаси ниту враќањето на Зинедин Зидан.
Додека на клупата на Реал седеше Солари, Иско беше исфрлен од првиот тим, а не беше многу подобра ситуацијата и кога на клупата седеше Лопетеги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, се врати Зидан, па Иско повторно има важна улога во екипата на Реал.
Да потсетиме, додека на клупата на Реал беше Солари, Иско не започна ниту еден натпревар во Ла Лига и ЛШ. Сепак, Зизу полека но сигурно го враќа во тимот, а Иско беше стрелец на натпреварите против Селта и Хуеска.
Марка сега тврди дека Иско испратил јасна порака на клубот дека единствено што сака е да остане на Сантијаго Бернабеу.
Иско има договор со Реал до 2021. година, а пред враќањето на Зизу се поврзуваше со трансфери во Челси, Јувентус, па дури и во Барселона.