Дома Останати Авто Мото Oвој викенд ќе се вози 1000-та трка во Формула 1: Знаете ли кои возачи се најуспешни?

Oвој викенд ќе се вози 1000-та трка во Формула 1: Знаете ли кои возачи се најуспешни?

Големата награда на Кина е големо случување во историјата на Формула 1 со оглед дека тоа ќе биде 1000-та трка.

Првата трка во Формула 1 беше одржана во 1950 година во Велика Британија и од тогаш низ ова натпреварување поминаа голем број тимови, а гледачите уживаа во големи трки.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изминатите 999 трки ги освоија 105 различни возачи од 23 различни земји. Само 33 освоиле 10 или повеќе победи.

На врвот е големиот Михаел Шумахер со 91 победа, а ниту Хамилтон не е далеку со 74 победи. Следи Себастијан Фетел со 52 победи, Алан Прост со 51, Аритон Сена со 41, Фернандо Алонсо со 32.

Возачите доаѓале од вкупно 39 земји, а најмногу има Велика Британија која е далеку пред сите со 163, следи САД со 158, Италија со 99, Франција со 71, Германија 57…

34 држави биле домаќини на ова натпреварување, а последната трка која е додадена во календарот е Големата награда на Азербејџан која прв пат се одржуваше во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…