Дома Фудбал Италија Судијата од мечот Јувентус-Милан доби жестока казна!

Судијата од мечот Јувентус-Милан доби жестока казна!

Дербито помеѓу Јувентус и Милан крена голема прашина на Апенините, најмногу поради катастрофалното судење на судијата Фабри.

Од Милан тврдат дека судијата Фабри ги оштетил во две ситуации. Прво кога топката после шутот на Калабрија го погоди во рака Алекс Сандро, Бразилецот се наоѓаше во својот шеснасетник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Втората ситуација е моментот кога Марио Манџукиќ кој веќе имаше жолт картон го удри Ромањоли неспортски и без топка во шеснаесетникот.

Во Италија речиси да не постои спортски новинар или судски експерт кој тврди дека Милан не е оштетен со најмалку еден пенал, а велат и дека морало да има црвен картон за домаќините од Торино.

Тоа денес и официјално го призна и Судиската федерација на Италија, која испрати извинување до Милан и го казни судијата Фабри поради грешките кои ги направил.

Имено, 35 годишниот арбитар ќе биде суспендиран во наредните две кола од Серија А, а нема да суди ниту еден меч на Милан до крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…